еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

(Фото) „Недела на македонски производи“ во Букурешт: Спортот освен што обединува, претставува и алатка за економски развој

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, задно со министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот нa Македонија во Романија, Габриел Атанасов и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извоз, Дејан Павлески, во Букурешт ја отворија еднонеделната презентација „Недела на македонски производи“.

Промоцијата на македонски производи ќе трае од 14 до 18 јуни, а повеќе домашни компании од агросекторот и прехранбената индустрија ќе ги презентираат своите брендови, а посетителите ќе имаат можност да ги почувствуваат вкусовите на македонските вина, сирење, кашкавал, ајвар, мед, мармалади и други производи кои се наши познати брендови.

Ова е прв настан од ваков вид, преку спортска дипломатија да се промовираат македонските производи и започнува од Романија, која е една од земјите домаќини на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020.

„Еден од најдобрите начини за промоција на нашата земја е секако спортот и уметноста, но дозволете ми, како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство да истакнам дека има уште еден битен фактор за промоција, а тоа се нашите земјоделско-прехранбени производи. Нашата сончева земја е богато обдарена со поволни климатски услови за земјоделско производство.

Секој кој ја посетил нашата земја и вкусил од македонските домашни производи, знае дека тие имаат изразена комплексност на вкусови и мириси. Затоа, странскиот пазар е отворен кон нас и има голем интерес за нашите земјоделски и прехранбени производи, а ние пак вложуваме во насока на квалитетно и стандардизирано зголемување на количините кои странскиот пазар ги бара од нас“, изјави министерот Хоџа.

Тој дополни дека во последните години извозот на нашите земјоделски производи постојано расте, а тоа е доволен показател за развојот на земјоделскиот сектор и интензивирањето на меѓународната трговија.

Атанасов, изјави дека спортската дипломатија е во чест на нашата фудбалска репрезентација која после триесет години прв пат настапува на Европско фудбалско првенство и дека промоцијата на нашиот фудбалски тим е поддржана и со настанот за промоција на нашата земја како земја со квалитетни земјоделско-прехранбени производи и атрактивна туристичка дестинација.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Силвана Жежова

(Фото) Галичка свадба 2024 во знак на половина век партнерство на Пивара Скопје со манифестацијата и 100 години Скопско

Редакција

(Фото+Видео) „Писокот“ на зурлите на „Танец“ и „плачот“ на гитарата на Влатко Стефановски, ја кренаа на нозе рафинираната загребска публика

Редакција