Од Европската фудбалска федерација (УЕФА) информираа дека е одбиена жалбата на Грција за користење на кратенката “МКД“ на Европското првенство во фудбал, како и за користењето на логото на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на дресовите на македонските фудбалери.
Жалбата до УЕФА пред почетокот на првенството ја испрати грчкиот министер за спорт, Лефтерис Автенакис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција бара да не ја употребуваме кратенката МКД на Европското првенство и ФФМ да си го смени името
„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“, велат од таму и потенцираат дека нема да дозволат европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки, туку ќе продолжат да ја штитат праксата на неутралност.
Во одговорот од УЕФА се наведува и дека во службената комуникација се користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕУРО 2020.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во Преспанскиот договор за кратенката МКД и дали ФФМ треба да си го смени името?
Фото: ФФМ