еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Васил Гарванлиев ќе ја отвори втората Парада на гордоста во Скопје

Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни во Скопје ќе се одржи втората Парада на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни

Кочо Андоновски, член на Организацискиот одбор, денеска на прес-конференција рече дека одлучиле годинава да се одржи втората парада откако спласна пандемијата и мерките се олабавени.

Посочи дека Парадата ја посветуваат на сите нивни поддржувачи, кои ќе присуствуваат на неа и на сите кои нема да присуствуваат поради различни причини.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска рече дека поучени од првата парада, што се одржа пред две години уште пред десеттина дена одржале средба со министерот за внатрешни работи и добиле потврда за посветеноста која ќе ја има МВР за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност на сите учесници на Парадата.

– Пред две години нашата парада која беше прва во нашата земја беше оценета како најдобра парада во регионот токму поради безбедносниот аспект. Покрај големиот број полициски службеници кои беа присутни на самата парада нивната видливост беше многу мала, што на учесниците на парадата им овозможи да се чувствуваат слободни, но сепак сигурни.

Очекувам дека МВР и оваа година на оваа парада своите обврски со цел да бидеме безбедни и сигурни во славењето на гордоста ќе ја покаже својата професионалност и ќе им овозможи на сите учесници да се чувствуваат пријатно, потенцира Пировска.

Таа посочи дека уште по првото соопштение дека ќе се одржи втората парада на 26 јуни веднаш се соочиле со високо ниво на говор на омраза, како што тоа било случај и пред две години, како и кога одржуваат настани поврзани со ЛГБТИ заедница.

Додаде дека сите такви случаи, како и досега, ќе ги пријавуваат во МВР.

Активистката Елена Петровска информираше за деталите околу организацијата на овој настан.

Посочи дека собирањето на учесниците на парадата ќе биде од 10 до 12 часот на 26 јуни во Жена парк, од каде тие ќе се движат по улиците, ќе поминат покрај Владата и крајната точка е Школка во Градскиот парк, каде ќе почне прославата со цел да испратат пораки за тоа што го бараат и што е приоритет на луѓето од ЛГБТИ и да покажат дека ги реафирмираат надежите за посолидарно, похумано, поправедно општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во Софија се одржа ЛГБТ парада, настапи и Васил Гарванлиев

– Оваа година прајдот ќе го отвори претставникот на Евровизија од државава, Васил Гарванлиев, по што ќе следат говори од активисти, а ќе има и музичка програма, додаде Петровска.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски истакна дека МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за настанот да помине безбедно. Посочи дека какво било нарушување на јавниот ред и мир ќе биде најстрого санкционирано и затоа упати апел граѓаните да ги почитуваат законите.

МИА/Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реформите во владеење на правото и борбата против корупцијата остануваат разочарувачки, порача Гир

Редакција

Рускоска останува со истиот тим: Реизбрани пет обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко

Редакција