еМагазин
Image default
Македонија

Пандемијата не е завршена има потенцијална закана за можен удар од вирусот, вели Филипче

Европската унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот, оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

„Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сѐ уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид-19.

Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сѐ уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита,“ напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полесно ќе патуваме во ЕУ, Македонија на списокот на „безбедни земји“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведочењето на загрозениот сведок за насилството во Собрание ќе продолжи утре

Редакција

Владата одлучи: Полицискиот час од утре од 23:00, угостителите ќе работат до 22:30

Редакција

Бајрами се гони и за сомнителни тендери во Државна лотарија за набавка на телевизори и принтери

Редакција