Адора инженеринг деновиве повторно ја зголеми сопственичката структура во Комерцијална банка АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адора Инженеринг купи 48.837 акции во Комерцијална, сега поседува 15% од главнината на Банката
Правното лице Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, сега поседува 341.860 обични акции со право на глас во најголемата банка во земјава, или 14,9999% од основната главнина во банката.
Генералниот директор, Ванчо Чифлиганец преку Адора инженеринг го зацврстува своето учество во Банката, останувајќи најголем поединечен акционер во Банката, каде е и член на Надзорниот одбор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најголемите акционери во Комерцијална банка
Чифлиганец пред извесно време за еМагазин објасни дека купува акции во Банката, бидејќи верува во вложените финансиски средства, оти од година во година Комерцијална банка се профилира во една од најсигурните банки за депонентите, клиентите, а на крајот и за акционерите.
„Верувам во мојата земја и во македонската економија. Верувам дека инвестираните средства ќе вродат со плод. Секогаш сум имал знаење, храброст и сум сметал дека со посветеност и со пот, успехот секогаш доаѓа“, вели Чифлиганец.
Адора инженеринг веќе 18 години е лидер во градежништвото – високоградба, клучен сектор кој ја раздвижува економијата, но во изминатите две години застана работата, мораториумите си го направија своето, па се стесни просторот за инвестирање во овој сектор.
Бројот на вработени во Адора од 500 лица, до пред неколку години, кои работеа на повеќе објекти во Скопје се сведе на 50-тина. Ова се причините поради кои градежниот бренд инвестициите ги насочи во финансискиот сектор.
Од пред извесно време компанијата стартуваше и хотелско-резиденцијален комплекс на Златибор во соседна Србија, а фондациите “Новак Ѓоковиќ„ и „Д-р Ванчо Чифлиганец“ пред неколку месеци во близина на Златибор отворија и градинка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Базен, спа, хотел, пентхаус, апартмани: Како ќе изгледа комплексот на Адора на Златибор
(Видео+фото) Новак Ѓоковиќ и семејството Чифлиганец отворија градинка близу Златибор