еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Каракачанов го критикува Борисов поради пресвртот во неговиот став за Македонија

Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов го критикуваше поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во врска со „остриот пресврт“ во неговиот став кон Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Каракачанов, по тоа прашање требало да има единствен став и тој треба да биде национално одговорен. Ова го коментираше за БТВ лидерот на ВМРО и поранешен министер за одбрана на Бугарија во Владата на Борисов, Красимир Каракачанов.

За време на посетата на Софија оваа недела, македонскиот премиер Зоран Заев најпрво се состана со поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој ја префрли одговорноста за започнување на разговорите за членство на Македонија во ЕУ на привремената Влада.

Според лидерот на ВМРО, премиерот Зоран Заев бил свесен дека нема да постигне ништо со оваа посета на Бугарија, а неговата цел е да им покаже на другите земји од ЕУ дека  Македонија е конструктивна земја, а Бугарија не е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов го предупреди Заев: Радев и техничката влада лажат и бегат од одговорност за нов договор

МИА/Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Здравствен дом на Скопје за набавка на масло за горење вреден 9,2 милиони денари

Редакција

Ивор Мицковски: Пресмешни се европските предупредувања за изолација

Редакција

(ВИДЕО) Македонските средношколци со бојкот на наставата против загадувањето

Редакција