еМагазин
Image default
Локално

Ни претстојат пеколни температури, екипите на Црвен Крст на терен

Црвен крст во соработка со Град Скопје од утре ќе започне со теренски активности во насока на справување со најавените топлински бранови.

Согласно искуства од претходните години, од Црвениот крст информираат дека мобилните екипи составени од волонтери од тимот за одговор при катастрофи од петте општински организации во Скопје, ќе патролираат низ градот и ќе дистрибуираат вода и информативни летоци наменети за граѓаните.

Од Црвен крст соопштија дека ќе бидат ангажирани 16 волонтери распоредени во четири тима со четири возила.

Почнувајќи од утре, па се до 25 јуни мобилните тимови имаат предвидено дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри на дневна основа.

Фото: Црвен Крст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десетгодишно девојче тешко повредено во автобус на ЈСП

Редакција

26-годишна девојка од Кавадарци пронајдена мртва во Штип

Редакција

Седумдесет и тригодишник бил нападнат од 80-годишен кавадарчанец во Ваташа

Редакција