еМагазин
Image default
Локално

Приведени шест лица во угостителски објект во Жеровјане, пронајдено оружје

Синоќа во периодот од 01.30 часот до 05.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, при контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на А.А.(30) од тетовско Боговиње, затекнале 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од Босна и Херцеговина и 2 од нашата земја, како и 41 лице – гости во објектот.

Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.

Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избувна голем шумски пожар во близина на ветерниците кај Богданци

Редакција

Чех тешко повреден по пад од скали во кафана во Скопје

Редакција

Град Скопје секој ден со 100 евра ќе наградува фотографија, видео или гиф од седење дома

Редакција