еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Професорот Јорданов со иноваторски текстил за војнички униформи, што ќе детектира и нервен гас со промена на самата боја

Во НАТО можеме да придонесуваме и како иноватори и како луѓе од науката и да покажеме дека државата има што да понуди и на овој план, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

Јорданов доби проект од НАТО што практично ќе значи револуција во квалитетот на војничката униформа, а се состои во креирање текстилен материјал за војничка униформа, која нема само да штити од температури и други надворешни влијанија, туку ќе биде и детектор за предупредување од опасности, како што е присуство на нервен гас.

Од исклучителна важност за нас е што оваа технологија е наменета за нашите придпаници, а секако и за припадниците на армиите на земјите – членки на НАТО.

Шекеринска изрази задоволство што после еден подолг период, како што рече, денеска покажуваме дека нашата земја не е само воена сила која што може да придонесува во НАТО-Алијансата, туку во Алијансата можеме да придонесеме и како иноватори.

–  Во успехот на професорот Јорданов и целиот негов тим да кажам дека ова го сметаме и како повик до сите истражувачи, до сите научници да ја пробаат шансата која што ја дава НАТО програмата Наука за мир, програма која што и претходно беше отворена за нас, но сега како земја членка можеме да бидеме дури и предводник на ваквите тимови, рече Шекеринска.

Таа ја повика академска заедница да бидат поангажирани и да знаат дека ќе ја добијат секогаш поддршката на државата, на Владата и на Министерството за одбрана.

– Нашите планови за 2022 година се уште поамбициозни. Би сакале и во буџетите за одбрана да обезбедиме еден дел од средства коишто ќе ги намениме за поддршка на домашните научници и домашната наука, а се со цел и ние да го следиме чекорот на НАТО кој се повеќе се врти кон иновации кои се важни во одбраната и коишто ќе значат дека Алијансата и ние како нејзина членка нема да го изгубиме чекорот со технолошкиот развој кој ја дефинира и нашата безбедност.

Така што сакам да честитам навистина на професорот, а воедно и да ги поддржиме нашите научници, нагласи министерката Шекеринска.

Професорот Јорданов појасни дека овој проект има за цел да развие повеќе функционална униформа што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ-зрачење и што е најбитно ќе детектира дневни гасови со промена на самата боја.

Тој информира дека е предвидено според НАТО програмата да бидат вклучени двајца млади истражувачи од нашата држава, двајца од Србија и двајца од САД.

– Значи, НАТО ги финансира младите истражувачи да бидат дел од истражувачкиот тим. Тоа е еден од главните услови и освен нашите научници што ќе одат во САД и во Србија и останатите млади истражувачи ќе дојдат кај нас за да бидат обучувани за одреден дел од проектот, изјави професорот Јорданов.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на шесте земји од Западен Балкан

Редакција

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Редакција

За апсурдните барања на Бугарија се јавија и македонските интелектуалци

Редакција