еМагазин
Image default
Македонија

52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза на вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани, информира Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.

Со последните бројки 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 42% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штабот на Река: Малата излезност ја потврдува тезата дека 1/4 од населението е иселено од државата

Редакција

Врховниот суд ги одби барањата на осудените за „27 април“ повторно да им се суди

Редакција

До сега немало контраиндикации од вакцините за луѓе со алергии, вели Филипче

Редакција