еМагазин
Image default
Македонија

Петковски го повика бугарскиот претседател Радев да дојде во Македонија и да се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам

Старите болки не се лекуваат на нецивилизиран начин. За да почне процес на помирување треба да претходи процес на извинуваање и мислам дека Македонија и Бугарија ќе станат најблиски земји доколку во оваа ситуација, бугарскиот претседател Румен Радев дојде во Македонија и се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам, во тоа време што ги нанесе Бугарија на Македонија, изјави претседателот на НСДП и поранешен претседател на Собрание, Тито Петковски во емисијата „Само Вистина“ на „Канал 5” телевизија.

Во однос на Резолуцијата за која се согласија двете најголеми политички партии за одредување на македонските црвени линии во преговорите со Бугарија, Петковски вели дека конечно политичките партии покажуваат зрелост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која бара државен консензус во преговорите со Бугарија

“Најважно е што политичките партии во земјава покажаа волја за да се обединат околу една идеја и да покажат единство на политичка основа. Тоа говори за едно повисоко ниво на политичка култура, која ние после 30 години како политички партии треба да го имаме“, рече Петковски и додаде дека заедно со локалните избори, потребно е да се одржи референдум за преговорите со Бугарија од консултативен карактер.

Тој вели дека Бугарија и Македонија немаат заедничка историја и напомена дека време е Бугарија да излезе од нејзините националистсички рамки.

“Второто бугарско вето јас го доживеав како втора окупација, после окупацијата од 1941 година на Бугарија врз Македонија.

Бугарија е наш сосед, секојдноевно оттаму слушаме едни исти ноти дека ние сме братски народи, дека имаме слични јазици и како што тие умеат да кажат заедничка историја, но тоа не е заедничка историја.

Бугарија е земја која прва официјално ја призна Македонија и таа се уште не излегла од тие хегемонистички, шовинистички и националистички рамки, да ја признае реалноста на постоењето на Македонија. Таа не е подготвена да се соочи со грдата слика од нивното минато.

Цивилизираниот свет седнува и се договара за нивното минато, што во моментот нема никакво расположение. Не може Бугарија да каже дека не биле окупатори врз Македонија“, рече Петковски.

Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силниот земјотрес во Албанија, во Македонија почувствуван со интензитет од пет степени

Редакција

Пукање во теолошкото училиште во Тетово, осомничен е 41-годишник од градот

Редакција

Пожарот во Мариово тежок за гаснење, ситуацијата е критична

Редакција