еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт, порача претседателот Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија.

-Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града, не во Брисел или Париз.

И зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, рече Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје.

Прашан дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата, Радев со одговор „нашите пријатели од Северна Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата“.

– Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат, изјави тој.

Радев потенцира дека тоа не зависи од Бугарија, туку од државата, Република Северна Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Парламентарни избори во Бугарија: Ќе формираат ли конечно стабилна Влада

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Вељаноски за сега не оди во притвор, Комисијата не му го одзеде пратеничкиот имунитет

Редакција

ТАВ: Превезени над 3 милиони патници на двата македонски аеродроми

Редакција

(Фото) Мартин Филиповски од „Некст тајм“ за првпат стана татко

Редакција