еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните на есен ќе треба да приложат сертификат дека примиле вакцина, доколку сакаат да присуствуваат на масовен настан

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека се размислува од есен да се бара сертификат за примена вакцина, доколку граѓаните сакаат да присуствуваат на масовен настан.

Филипче посочи дека ако одредено лице сака да оди на кино или на друг културен настан, ќе мора да прикаже сертификат.

На овој начин, додаде министерот очекува опфатот на вакцинацијата да се зголеми.

„Почнувајќи од есенските месеци, овие недели пред нас ќе размислуваме да воведеме некаква форма на рестрикција, во смисла на тоа, вакциналниот сертификат да биде неопходен за да се влезе на некој масовен настан.

Се надевам дека на овој начин опфатот со вакцинација ќе се зголеми. Гледајќи дека нема интерес за вакцина преку „Мој термин“, ги отворивме пунктовите. Наша проценка е дека до крај на јули ќе имаме 500.000 луѓе со примена една доза.

Тоа не е доволно, имајќи предвид дека се јавуваат мутации кои се преносливи,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако опфатот на вакцинирани не е голем, на есен ќе има нови рестриктивни мерки, најави Филипче

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор и за таткото на Вања

Редакција

„Арно викаа дрога ставаат во бананите„: Твитер реакции за заплениот кокаин во Крушопек

Редакција

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Редакција