еМагазин
Балкан

Невакцинираните во Грција може да добијат отказ

Ако некој вработен, со неговиот избор да не се вакцинира, ја става компанијата во опасност, тогаш тоа е важна причина да биде отпуштен, рече министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгијадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина.

Георгијадис, сепак објасни дека пред да стигне до отпуштање, компанијата ќе треба да ги исцрпи сите можности што стојат на располагање, како што е на пример работа од дома.

Вакцинацијата во Грција, засега, задолжителна е за здравствените работници и за вработените во центрите за грижа на лица.

Во конкретните центри, доколку вработен одбие да се вакцинира, нема да биде отпуштен од работа, туку ќе биде на принуден неплатен одмор на неодредено време.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Колони пред продавниците во Грција, за шопинг дозволени само 2 часа

Редакција

Леталото со бомба од 120 килограми кое падна во Хрватска било украинско

Редакција

На грчките острови ќе се патува со грчки „Green Pass“

Редакција