еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Успешно извршена реплантација на десна подлактица на 54-годишниот Џафер Алија, кој при работа си ја исекол

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица.

„Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54-годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака. Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба.

Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи.

Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим,“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Оваа комплексна интервенција била изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска.

Тимот бил во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје.

Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на починати од коронавирусот во Македонија порасна на 51

Редакција

На 1 септември учениците ќе добијат учебници, освен оние за шесто одделение, тврдат од МОН

Редакција

Јавните комунални претпријатија пред можен банкрот, бараат цена на струјата како за домаќинствата

Редакција