еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад од 8%: Компаниите кои котираат на Македонската берза за шест месеци оствариле промет од 87 милиони евра

Вкупниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2021 година изнесува околу 87 милиони евра, што претставува намалување од 8% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 95 милиони евра, информираат од Македонската берза.

“Ова благо намалување се должи на помалиот промет со акции во БЕСТ системот оваа година, при што битно е да се нагласи дека минатата година во март и април на пазарот беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на Ковид-19.

Од друга страна, годинава голем пораст се забележува во тргувањето со обврзници од 159% (минатата година изостана редовната годишна котација на обврзниците за денационализација).

Исто така, пораст бележи и прометот од блок трансакции, којшто споредено со претходната година бележи раст од 30%.

Доколку се анализира структурата на прометот во последните неколку години може да се заклучи дека вкупниот промет и со акции и со обврзници од класичното тргување во БЕСТ системот во првата половина од 2021 година (во износ од 53 милиони евра) е втор најголем берзански промет по овој основ во последните 5 години (најмногу се тргувало токму минатата пандемиска 2020 година)“, велат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Референдумот за промена на името повторно оспорен пред Уставниот суд

Редакција

ТТК Банка лани оствари добивка од 90,6 милиони денари

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.119 болни од Ковид-19

Редакција