еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец физички нападнал вработена и оштетил инвентар во Брзата помош

Гостиварец бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, откако бил пријавен дека нападнал вработена во гостиварската Брза помош.

За насилното однесување, тој ќе заработи и соодветна пријава, по расчистување на настанот.

Според информациите на СВР Тетово, ноќеска, 20 јули, околу 1 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско Мало Турчане.

Тој, дваесетина минути пред тоа, физички ја нападнал Ј.Ј.(60), вработена во Службата за брза помош, а оштетил и дел од инвентарот во просториите.

Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Скопје: До смрт ја претепал жената со која живеел во куќа на улица „Перо Наков“

Редакција

Од денеска во Штип започнува да работи пајак-служба

Редакција

Со товарно возило удрил во седумгодишно дете на велосипед

Редакција