еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Иван Туџаров не е повеќе управител на Реплек Фарм

Управителот на Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје, Иван Туџаров, поради приватни причини дава оставка од позиција – управител на Друштвото за фармацевтско хемиски производи Реплек Фарм, информираат од таму преку Македонската берза.

“Согласно Одлуката за избор на управител на Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје донесена на седницата на Управниот одбор на Реплек одржана на 08.07.2021 година со која за управител на Друштвото за фармацевтско хемиски производи Реплек Фарм се именува лицето Цане Талевски (досегашен помошник генерален директор на Реплек Фарм).

Промената е извршена во Централен Регистар на РСМ“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Настел купи акции во Реплек: Поседува 5,95% од вкупниот број на акции на фармацевстката компанија

Иван Туџаров продаде акции во Реплек

Акционерската „битка“ не донесе драстични промени во „Реплек“, Бојан Аврамиовски нов член на Надзорниот одбор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Редакција

Нов пункт за издавање лични документи ќе биде отворен во Идризово

Редакција

Скопски пазар лани со добивка

Редакција