еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска утврди дека во „Шпанско село” нема судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), на денешната 50 седница утврди дека во предметот „Шпанско село” против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на атуелниот министер за здравство Венко Филипче, поднесено од страна на ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, при реферирање на овој предмет истакна овој случај го поделиле на две дела (финански дел и дел за имотот).

Во однос на првиот таа изјави дека утврдиле дека не постојат наводи, односно дека има конкурентност и дека имало електронска аукција.

Во однос на парцелите претседателката Ивановска наведе дека од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош, е утврдено дека имотите се купени уште од 2014 година.

– Не е нешто ново што се случува. Исто така и од инспекцискиот надзор извршен од Општина Карпош е утврдено дека објектите горе се градат според одобрение за градење издадено во јули 2017 година, т.е пред локалните избори.

Дека конструкцијата е изградена согласно одобрената техничката документација, односно основниот проект фаза архитектура, градежиштво, водовод и канализација. Од тие прични не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата.

Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Се уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапака за запре и предметот да се затвори, рече Ивановска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата пријава до Антикорупциска обвини дека семејството на сопругата на министерот Филипче, Савевски и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 м2, имот купуван од 2012 година до 2019 година.

Освен со газдата добитник на тендери од Министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека смејството на Филипче било коспоственик и со директорот на Ургентен центар, Илир Хасани на друга парцела во Нерези.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија доби нова Влада

Редакција

Ламбе Алабаковски е на слобода, одземен му е пасошот

Редакција

Три нови случаи на Ковид-19 од нови кластери во Струмица

Редакција