еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петмина македонски туристи се вратиле од одмор во Грција со Ковид-19

Петмина македонски туристи деновиве се вратиле од одмор во Грција со Ковид-19.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирена Сотирова-Бухова за телевизија Сител информираше дека има пет позитивни патници меѓу лицата кои во текот на завчерашниот ден со автобус се вратиле од летување во Грција.

Таа додаде дека се издадени вкупно 13 решенија за изолација на патниците, а во моментов во исчекување се и резултатите од тестовите на другите патници кои биле во автобусот.

„Од лицата кои во текот на вчерашниот ден се вратија од одмор од Грција до овој момент решение за позитивни лица упатени на домашно лекување имаме 5 позитивни и 13 решенија издадени по основ на контакти“, изјави Сотирова Бухова.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Братот на Усеини тврди дека багерот што вади песок од Охридското Езеро не е сопственост на „Нефи ИК“

Редакција

Две лица не ја почитувале мерката за изолација, а 1.022 не носеле маски

Редакција

Куче покажа што е лојалност и љубов, со денови чекало пред болницата во Прилеп каде се лекува неговиот сопственик

Редакција