еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Пекабеско АД за периодот јануари-јуни 2021 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 54,9 милиони денари и истиот е повисок за 31% во споредба со претходната година, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 2.179,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 1%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2020 година бележат зголемување од 1%.

Приходите од извоз изнесуваат 294 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 се на исто ниво.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 2.101,1 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година се на исто ниво“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско во првите шест месеци инвестирал 11,2 милиони денари

Колкава плата лани имал Слободан Кутревски и менаџментот на Пекабеско

„Пекабеско“ оствари добивка од 22,9 милиони денари во првите три месеци од годинава

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25 години успешно деловно работење: РЕХАУ отвори нов изложбен салон во Македонија

Редакција

Општина Центар склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 868,6 илјади евра

Редакција

Побарувачката за граѓанската обврзница за 80% поголема од понудениот износ

Редакција