Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации, за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата.
Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и еден полицаец.
Од МВР потврдуваат дека има акција и дека таа се уште е во тек, а информации најавуваат откако акцијата ќе заврши.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.