еМагазин
Image default
Бизнис

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје, информираат од ТИРЗ.

Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата.

Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години. Само како обврска за придонеси за плати, буџетот на државата ќе оствари над 5 милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра.

Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар.

Само од почетокот на годинава во ТИРЗ се заокружени договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, а во првите шест месеци е остварена највисока економска активност во зоните од нивното формирање, велат од таму.

Во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра. Овие бројки се должат на новиот концепт на работење и мерки на ТИРЗ и Владата за поттикнување на инвестиции. Со ваквиот тренд, директорот Деспотовски најави дека се очекува 1 милијарда странски инвестиции и отворање на дополнителни 14.000 работни места до 2024.

Фото: ТИРЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка го одложува Собранието на акционери додека не заврши вонредната состојба

Редакција

Раст на економијата од 3,5 проценти годинава предвидува Народна банка

Редакција

Регулаторите ќе бараат да не се издава одобрение за градење на зграда без приклучок за парно

Редакција