еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Професор Трајковски: Веќе сме во нов бран на Ковид-19, пикот би бил околу 10 септември

Веќе се наоѓаме во нов бран на Ковид-19, а врвот се очекува на 10 септември, вели за „Фокус“ професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Дејан Трајковски, кој од почетокот на пандемијата прави пресметки и анализи за ширењето и последиците од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстично зголемување: 164 нови случаи на Ковид-19 од 5.276 тестирања, најмногу во Тетово

-Новиот бран почна на 10 јули, кој врвот би го достигнал околу 10 септември, а вториот врв околу 10 октомври, но можно е и да се преклопат во еден. Во тој период ќе почне да заладува, учениците ќе тргнат во училиште, ќе се оди на работа, поради што и очекувано вирусот ќе се шири.

Можно е да има експлозивен раст на бројот на заразени, и тоа повеќе од лани, но очекувам заразените да бидат со полесна клиничка слика, со оглед на тоа дека дел од населението ја прележа заразата, а дел се вакцинирани, вели Трајковски за „Фокус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Бројот на заболени со Ковид-19 расте и ќе продолжи да расте

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жените го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето, велат од Платформата за родова еднаквост

Редакција

Сончево и топло време денеска, температура до 28 степени

Редакција

Пукање во струшко Поум: Убиено 23-годишно момче, повредено уште едно лице

Редакција