Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, ќе биде сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени.
Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.