еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија привремено ќе прифати 186 граѓани од Авганистан

Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација, Владата на Република Северна Македонија со внимателност ја следи ситуацијата во Авганистан и е во постојана темелна координација со сојузничките држави од НАТО Алијансата, а првенствено со САД, соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

25 македонски државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50

– Владата е во директна комуникација со компаниите во кои се вработени македонските граѓани кои се регистрирани во Авганистан и за кои се обезбедени повеќе опции за летови за евакуација и за нивно пристигнување во Северна Македонија. Во овој момент имаме информации дека сите наши регистрирани граѓани се безбедни и дека не се наоѓаат во загрозувачка ситуација, стои во соопштението.

Што се однесува до привременото прифаќање граѓани од Авганистан, се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Спремни сме да прифатиме цивилно население од Авганистан, трошоците ќе ги покрие САД

Времето на полетување на овие граѓани од Авганистан сѐ уште не може да се потврди имајќи ги предвид сложените услови на аеродромот во Кабул, но може да се очекува дека ќе пристигнат следните денови.

-Хуманитарците, вработените во организациите за човекови права и членовите на нивните семејства планирано е да пристигнат на аеродромот во Скопје по што задолжително ќе бидат упатени на 14-дневен карантин заради превенција од Ковид-19. Министерството за здравство ќе организира и пунктови за вакцинирање за граѓаните кои нема да бидат вакцинирани.

Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави.

Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, се до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации, велат од Владата.

Сите неопходни оперативни и административни прашања поврзани со учеството на Македонија во меѓународната хуманитарна мисија за спасување на локалното население од Авганистан ќе бидат разгледувани и ќе бидат донесени соодветни одлуки на утрешната и следните седници на Владата.

– Целиот демократски свет се солидаризира со хуманитарната катастрофа која му се заканува на локалното авганистанско население, а Северна Македонија како членка на НАТО ќе преземе солидарна одговорност привремено да прифати цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, се вели во соопштението од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авганистан по 20 години повторно под власт на талибанците

(Вознемирувачко видео) Талибанците влегоа во Кабул и тврдат дека цел Авганистан е под нивна контрола, претседателот избега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ги загрозувала правата на Бугарите, оти усвои закон за забрана на здруженија со имиња на фашисти, смета бугарскиот заменик министер за надворешни работи

Редакција

Народна банка купува возила

Редакција

Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага

Редакција