Доктор Александар Петличковски во интервју за ТВ 24 вели дека вакцинацијата со една доза е доволна само кај тие што ја прележале болеста.
– Дочекавме многу високи бројки со оглед на тоа што имавме мирно лето и месеци со малку ново инфицирани, но е е ни толку нечекувано, бидејки најавувавме дека ќе има нов бран, дека ќе биде најмасовен, ќе ги зафати неимунизираните и мислам дека денес се случува токму тоа, вели тој.
Според него најголем број од тие што ќе влезат во болниците со тежок тек на болеста се невакцинирани или тие со некомплетирана имунизација.
-И вакцинираните можат да заболат, но кога сите бројки ќе ги ставиме на кантар добиваме јасна раздвоеност дека вакцинираните имаат потежок тек на болеста.
Мерките се добредојдени, ако беа порано ќе имавме помал број на инфицирани, но мора да се почитуваат тие и сега. Имаме многу агресивен сој и мора да го прифатиме значењето на мерките, на дистанцата и хигиената, вели Петличковски.
Смета дека пандемијата со Ковид-19 многу веројатно ќе трае додека сите не се имунизираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Петличковски: Да се чека за вакцина од 1 до 6 месеци по прележан Ковид-19
Фото: МЗ