еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од утре лични карти со „Северна“

Новите лични карти кои ќе се издаваат од утре ќе бидат со новото име на државата – Северна Македонија, а документите ќе бидат и во согласност со Законот за употреба на јазиците, па етничките заедници ќе можат да го изберат јазикот.

Периодов имаше голем застој во издавањето на личните карти. Најпрво проблем беше надградувањето на системот на МВР за да документите бидат со новото име, како и истите да бидат во согласност со Законот за употреба на јазиците.

Потоа причината беше заглавувањето на Законот за лични карти, пратениците отидоа на одмор, па законското решение остана неизгласано.

Пратениците се уште се на одмор, па МВР донесе подзаконски акт за усогласување на Законот за лични карти со Законот за употреба на јазиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не фалат обрасци за лични карти, треба да се изгласа Законот, вели Спасовски

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 10.000 денари награда за пожарникари и граѓани кои помогнаа во гаснењето на пожарите

Редакција

Со геомеханички испитувања на почвата за изградба на автопатот Тетово-Гостивар стартуваше изградбата на коридорот 8

Редакција

Историчарите од Македонија и Бугарија ќе продолжат со средби во септември, последната била конструктивна

Редакција