еМагазин
Image default
Македонија

Зголемен интересот за вакцинирање во струмичкиот регион

Дневно во струмичко се вакцинираат околу 800 граѓани за разлика од преходно кога во просек се вакцинираа околу 500. Тоа го потврдуваат од ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, од каде информираат дека е зголемен интересот за вакцинација во последните десет дена и тоа кај популацијата од 20 до 50 годишна возраст.

Истовремено се одвива и теренската вакцинација во населените места и кај неподвижни граѓани.

-Апелираме до граѓаните кои не се вакцинирани да не се двоумат, да ја примат првата доза на вакцина, бидејќи гледаме дека клиничката слика кај вакцинираните кои се заболени е многу полесна за разлика од оние кои не се вакцинирани, а заболеле од Ковид- 19, велат од струмичкиот Здравствен дом.

Инаку, досега во Струмичкиот регион се вакцинирале над 35.500 граѓани. Од нив 15.500 ги примиле и двете дози, а 20.000 само една.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски за поканата на Сали на Фејсбук: Нормално на ваков начин секако не прифаќам

Редакција

Тапанарот на ДНК Горги Горгиев, помеѓу загинатите во пожарот

Редакција

Таравари обвинува дека власта нудела пари на пратениците за обезбедување на мнозинство, Заев се закани со тужба

Редакција