еМагазин
Македонија

Ацо Новески прв независен кандидат за градоначалник на Македонски Брод

Дипломираниот правник Ацо Новески е првиот независен кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод. Вработен е во матичната служба во Скопје, претходно ангажиран во Одделението за катастар во Македонски Брод.

Ова е трета апликација примена во канцеларијата на Државната изборна комисија (ДИК) во Македонски Брод, откако вчера беа поднесени и две независни листи за советници, за претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две независни советнички листи поднесени во Македонски Брод

-Откако вчера до канцеларијата на ДИК во Македонски Брод беа доставени две независни листи за советници предводени од членовите на актуелниот советнички состав во оваа општина, Бране Јованоски и Ивица Аврамоски, за денеска да биде доставена и првата апликација на независен кандидат за градоначалник на дипломираниот правник Ацо Новески од Македонски Брод, истакна Горан Спироски од канцеларијата на ДИК во Македонски Брод и потсети на најавата дека се очекуваше и апликација за градоначалник на независен кандидат.

Спировски додава дека уште од вчера најавиле дека покрај независни советнички листи, ќе бидат доставена и апликација за независен кандидат за градоначалник.

Локалниот совет го сочинуваат голем број партии и независни лиси, а таа плурална слика на Македонски Брод, како што вели Спировски, може да се надополни и со градоначалник како независен кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две независни советнички листи поднесени во Македонски Брод

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

843 случаи на Ковид-19 од 3.519 тестирања, во Скопје 360

Редакција

Чаир и Аеродром со ист број на активни случаи на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.470 болни од Ковид-19

Редакција