еМагазин
Image default
Македонија

Во Врање вакцинирани 13.300 Македонци, а ревакцинирани вкупно 11.106

Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Врање, Србија, С. Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до четврток, 26 август, изнесува 83.905, соопштија денеска од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза на Македонците им е дадена на 13.300 лица, на граѓаните на Врање и Србија на 29.510 лица и 9 дози на граѓаните на Босна и Херцеговина, соопшти порталот „Врање њус“.

Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози и на граѓаните на БиХ, 12.

Трета доза на некои од вакцинираните, досега се дадени на вкупно 1.267 лица.

Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеската вакцина Синофарм – вкупно 52.956 пати за сите три дози (прва 26.432 пати, втора 25.470 и трета 954). Потоа следи Фајзер, која била дадена во вкупно 23.825 случаи (прва доза 12.787, втора 10.752 и трета 286). Руската Спутник В дадена е во 6.292 дози (прва 3.155, втора 3.110 и трета 27).

АстраЗенека, која не беше достапна долго време, аплицирана е во 932 случаи (455 + 477).

Што се однесува до граѓаните на С.Македонија, во четвртокот во Врање 17 Македонци ја примиле првата доза од некои од достапните вакцини, а втората 16 лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 24 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Редакција

Заев се огласи за „бомбите“: „Ќе го прашате Ден Дончев од каде е снимката“

Редакција

(Видео) Веста за можниот терористички напад на концерт на Свифт, за кој главниот осомничен е по потекло од Македонија го обиколи светот

Редакција