еМагазин
Image default
Бизнис

Започнува изградбата на преносната енергетска мрежа за поврзување на Македонија и Албанија

Започна изградбата на капиталниот проект кој е од големо стратешко и енергетско значење, новата 400/110 киловолтната трансформаторска станица, во близина на Охрид, што во пракса значи реализацијата и на 400 киловолтниот далекувод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија.

Со оваа инвестиција, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија до Италија.

Инвестицијата изнесува 50 милиони евра, која се очекува да биде завршена во 2023 година.

Изградбата на 400 киловолтниот интерконективен далекувод Битола  – Елбасан, значи и комплетирање на енергетскиот Коридорот 8, кој е составен сегмент од еден многу поголем и исклучително значаен проект што вклучува експлоатација на енергетските ресурси од кавкаскиот регион и од Централна Азија кон земјите од Западен Балкан и Италија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника Жан Митрев нуди имот за одблокирање на сметките

Редакција

МЕПСО вработува 23 лица, плата до 42.456 денари

Редакција

Мукаетов панелист на „НЛБ Денот на инвеститори“ во Белград: Регионот е стартна точка за глобализација на Алкалоид

Редакција