Повеќе иселеници од САД, по потекло од дебарскиот регион, меѓу нив и светски познатата Блета (Бебе) Реџа, чиј татко е дебранец, донираа финансиски средства за Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствена заштита пружа за жителите од оваа и Општина Центар Жупа.
-Крвта не е вода, а корените од каде потекнувате не се заборават, е стара поговорка, која еве токму нашинците во САД го потврдуваат и сега во овие тешки моменти кои ги минуваме со пандемијата, како и многупати претходно.
Заедницата на иселенците од дебарско деновите во отворен фонд донираат средства, кој колку може, кои ќе бидат потрошени за неопходните потреби на нашата установа.
Позната Бебе Реџа, која колку што се гордее со дебарско потекло уште повеќе се гордееме ние со неа, донираше 10.000 долари, а неколку дебрани и од Центар Жупа имаат донирано по 5.000 долари, изјави за МИА, Баки Алили, директор на болницата.
МИА/Фото: МИА