Попишувачите ангажирани за потребите на пописот имаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика (ДЗС) и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021.
Тие најпрвин треба да го покажат овластувањето и со својата лична карта да се идентификуваат, а доколку лицето нема такво овластување, Државниот завод за статистика апелира граѓаните да не го примат во својот дом.
– На предната страна од овластувањето се наведени податоци за попишувачот: име и презиме, број на лична карта, пописен реон и седиште на Комисијата на пописниот реон.
На задната страна од овластувањето има број под кој истото е заведено во архивата на Државниот завод за статистика, како и потпис од директорот и печат од Државниот завод за статистика, информираат од Државниот завод за статистика.
Попишувачот, напоменуваат од ДЗС, кога ќе дојде во домаќинството, најпрвин треба да го покаже овластувањето и со својата лична карта да се идентификува, а доколку лицето нема такво овластување, граѓаните да не го примат во својот дом.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали може да си ги проверите податоците кои попишувачот ги внесува за Вас
Досега не е изречена ниту една казна за одбивање на граѓани да се попишат
Фото: Фејсбук/Попис 2021