еМагазин
Image default
Балкан

Во Грција можна задолжителна вакцинација и за поповите и наставниците

Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, ја остави отворена можноста, задолжителната вакцинација, доколку е потребно, да се прошири и за други категории како што се просветните работници и свештените лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Иконому рече дека во секој случај е присутна опцијата за проширување на задолжителната вакцинација, а сè ќе зависи од темпото и димензијата на пандемијата, како и темпото на вакцинација.

– Потребно е, во секоја област да се достигнат многу високи проценти на вакцинирани. Не сакаме економијата повторно да се затвори. Ако задолжителната вакцинација е она што треба да го направиме, тогаш ќе го сториме тоа, истакна Иконому.

Тој додаде дека отворена е можноста да се воведен и за просветните работници, доколку е потребно, иако кај нив висок е процентот на вакцинирани, а слична е ситуацијата и за црквата со висок процент вацинирани свештени лица.

Паралелно, портпаролот истакна дека во овој момент не постои план за задолжителна вакцинација на децата.

Засега, во Грција, вакцинацијата е задолжителна само за здравствените работници и вработените во центрите и установите за грижа на лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама за „бомбите“: Тоа е кал што опозицијата ја фрла врз Албанија

Редакција

Еден месец по автобуската несреќа обновен сообраќајот на автопатот Струма

Редакција

Грција згрозена: Учесник во „Big brother“ изјави дека ќе има силување ако секој ден не биде со девојка

Редакција