еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помогнат околу истрагата за несреќата во Тетово

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) пристигнуваат деновиве за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово, велат од Влада.

„Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (bka.de), чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој.

БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, ДНК анализи, електронски истраги и идентификација.

Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи. Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени,“ се вели во соопштението.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпаркасе Банка ги предупредува студентите: Има обид за фишинг напад за студентскиот оброк

Редакција

(Видео) Солзи и смеа на социјалните мрежи за новогодишна реклама во која Вучиќ послужува чај

Редакција

Рускоска: Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на „Јутјуб“

Редакција