еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев се појави во јавноста, не знаел до каде е истрагата за пожарот во ковид-центарот во Тетово

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот за здравство, Венко Филипче.

-Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од истрагата.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија.

-Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна трагедија, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови, од ДЗС за пожарите, стигнати и се луѓе од Германија.

За мене е важно да има брз резултат зашто тоа го бараат граѓаните, но и Владата, институциите, извештајот да биде експертски, да ги даде сите одговори, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче ќе оди на работа се додека правно формално не биде тргнат од функцијата, вели Заев

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата по Петар, објавен телефонски број на кој може да се јават

Редакција

Ристовска од СЈО: Мијалков бил организатор на прислушувањето, имаме и докази и сведоци

Редакција

На обвинетиот за железничката несреќа му се заканува доживотен затвор, 20 минути бил одговорен за за безбедноста на цела централна Грција

Редакција