Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 6 до 12 септември 2021 година регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.019, 29,4%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0- 9 години (n=95; 2,7%).
Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај скоро сите возрасни групи, со најголемо намалување кај возрасната група од 20-29 години (за 40,1% помалку во однос на претходната недела), а кај возрасната група од 0-9 години се забележува зголемување од 11,8% во однос на минатата недела.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.646 (47,4%) лица од машки и 1.825 (52,6%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.946 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемување од 4,6% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела во Македонија од Ковид-19 починале 142 лица, најмногу од Скопје, Струмица и Куманово
(Мапа) Најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кратово
За една недела 31 лице повторно се заразило со Ковид-19
Фото: МИА