еМагазин
Image default
Македонија

Најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани, вели Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за телевизијата Сител вели дека најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани.

– Очекуваме да излезат клиничките студии кои што ги прави компанијата „Фајзер“. Според укажувањата и најавите, таа трета доза многу веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, но се уште е рано, чекаме да излезат официјалните студии и потоа да излеземе со соодветна препорака.

Имаме голема разлика кај различни возрасни категории. Вкупниот број на вакцинација е 37 проценти на целокупното население, најмалку со една доза, 45-6 проценти од граѓаните и околу 55-6 проценти кај граѓаните над 40 години.

Како расте возрасната група на граѓани така се зголемува опфатот со вакцинација, на пример близу 70 проценти од граѓаните над 70 години се вакцинирани, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управата за храна и лекови на САД препорачува трета доза за лицата над 65 години и тие со висок ризик за тешки болести

Трета доза треба да се прими шест месеци по втората и само за имуно-компромитираните пациенти, вели Филипче

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 254 случаи на Ковид-19, починале четири, а оздравеле 412 лица

Редакција

Унгарската полиција ја прекина истрагата за Груевски, во земјата влегол легално

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.259 тестирања

Редакција