еМагазин
Image default
Македонија

Унгарската полиција ја прекина истрагата за Груевски, во земјата влегол легално

Унгарските власти ја стопираа истрагата за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде доби политички азил, пренесува унгарскиот портал 444.ху.

„За време на истрагата е утврдено дека Груевски поседувал легални патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини, како и дека неговиот влез во Шенген-зоната бил во согласност со законските прописи“, стои во полицискиот извештај со кој е затворена истрагата за случајот.

Според извештајот на унгарското полициско Одделение за илегална миграција, во случајот на Груевски не е утврден незаконски премин на границата иако, како што јавуваат унгарските медиуми, не е прецизирано точно со кои документи тој патувал до Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Обвинителството за бегството на Груевски: До овој момент, нема виновни, само некои пропусти на институциите

Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три години и еден месец затвор и парична казна од 5.000 евра за Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“

Редакција

Министерството за животна средина не наплатило од должници 1,4 милион евра за вода, открива Државна ревизија

Редакција

Вкупно 2.785: Од Ковид-19 починаа 6 лица

Редакција