Вчера во Македонија беа регистрирани дури 41. починати од Ковид-19, помеѓу кои и лица на 18 и 23-годишна возраст.
Земјава по смртноста високо котира на бројни светски листи, а објаснувањето на здравствените власти е дека причината е доцното доаѓање на лекар и претходните заболувања на починатите.
Според статистиката над 73,7% од починатите имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна и белодробна болест и дијабет.
Од друга страна пак експертите во текот на целиот тек како причина за големата смртност го посочуваа и немањето на национален протокол за лекување од Ковид-19, на што неодамна укажаа и од Лекарската комора на Македонија, но и начинот на лекување.
Здравствените власти пак тврдат дека протокол има.
За матичните лекари една од главните причини за високата смртност е здравствената култура на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?
Од Ковид-19 починаа 41 лице, најмладите на возраст од 18 и 23 години
Фото: МЗ