еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Постудено време од утре до четврток и опаѓање на температурите за 10 степени

Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре и задутре ќе има повремен локален дожд.

Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени.

Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски

Редакција

Албански Топ ченел: Груевски влегол нелегално во Албанија, а излегол со лична карта

Редакција

Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Редакција