еМагазин
Image default
Македонија

Во Кавадарци приведен српски државјанин кој во Србија го убил сопствениот брат

Српски државјанин осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ е пронајден и лишен од слобода на територија на Општина Кавадарци, во место викано Шамаци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот, на 29 септември го привеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север.

Приведениот српски државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ на неговиот брат и е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

428 казни за неносење маска

Редакција

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Редакција

За Инспекторат за труд не било важно чии роднини работат во М-НАВ

Редакција