еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, тврди доктор Грозданова

Вакцините за заштита од Ковид-19 и по појава на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок имунолошки одговор, истакна проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора, информираат од таму.

Проф. д-р Грозданова пред големиот број на присутни доктори на медицина даде осврт кон развојот на вакцините за заштита од Ковид-19, кои се користат во светот и презентираше преглед на најрелевантните научни студии за ефикасноста на вакцините пред појава на Делта сојот, а претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева-Страделова ја истакна важноста на овие настани за размена на сознанија и искуства кои се организираат со цел да се олесни секојдневното практикување на медицината.

„Според студиите објавени во стручни списанија со голем импакт фактор „Lanset“ и „The new England journal of medicine“ пред појавата на Делта сојот, Фајзер и Модерна покажуваат од 87% до 100% заштита од симптоматски Ковид -19 и од 80% до 93% заштита од асимптоматска инфекција.

АстраЗенека во студии во Велика Британија покажала ефикасност од 60% во заштита од симптоматска инфекција и 70,4% заштитата од симптоматска инфекција од британскиот сој.

Спутник во студии направени во Русија покажува 97,6% заштитата од инфекција, додека Синофарм  според студии во ОАЕ и Бахреин покажува ефективност од над 90%“, истакна проф. д-р Грозданова.

Во светот се уште постои голем интерес за производство на вакцини кои штитат од Ковид 19. Во моментов има 185 вакцини кои се во пред клиничка фаза, 40 се во различни фази на клиничко испитување, 21 вакцина се достапни во светот од кои само 8 имаат добиено одобрение за пуштање во употреба.

„Вакцините се ефективни во спречување на хоспитализација и тешка форма на болест и по појавата на Делта сојот, но може да бидат помалку ефикасни во спречување на инфекција или развивање на поблаги симптоматски заболувања.

Причините за помала ефикасност најверојатно вклучуваат опаѓање на имунитет со текот на времето, појавата на Делта варијанта и различниот одговор за повозрасната популација и имуно-компромитираните пациенти.

Несаканите сериозни реакции се навистина ретки, според податоците кои кај нас ги прибира МАЛМЕД не сме имале ниту еден случај на животно-загрозувачка реакција како последица на овие вакцини.

Бројот на несакани реакции е далеку помал од ризикот кој го носи болеста, така што бенефитот од вакцинацијата против Ковид-19 е на високо ниво“, истакна проф. д-р Грозданова.

Заради падот на ефективноста на вакцините се даваат препораки за бустирање на имунолошкиот одговор со трета доза на вакцина.

Националната комисија за имунизација препорача вакцинација со трета доза на вакцина кај ризични групи: здравствени работници, независно од возраста, пациенти на дијализа, трансплантирани пациенти и имунокомпромитирани, лица над 60 години. Вакцинацијата со трета доза ќе се спроведува со вакцините на Фајзер, после поминати шест месеци од примањето на втората доза.

„Во однос на комбинирање на вакцините кое се јавува како прашање и од аспект на безбедност и на ефикасност, давањето на различна прва во однос на втора доза или различна буст доза дава можен поширок имунолошки одговор и појак бустер ефект.

Студии направени во Велика Британија и во Шпанија покажаа одличен ефект од комбинација на АстраЗенека и Фајзер, комбинирање на АстраЗенека со Спутник, како и комбинација на Фајзер со Џонсон и Џонсон.

Вакви искуства веќе имаат и Канада, Франција, Данска, Норвешка, Данска, Шведска, кои заради забраната за давање на АстраЗенека на помлади, по примена прва доза од оваа вакцина како втора даваа Фајзер или Модерна“, истакна проф. д-р Грозданова.

Таа упати порака за важноста на вакцинацијата на трудници, бидејќи на тој начин прво се заштитува мајката, а потоа преку пасивниот имунитет и новороденчето.

Во однос на комбинирањето на вакцината за заштита од Ковид-19 и онаа за заштита од сезонски грип, проф. д-р Грозданова даде препорака дека може двете да се примат во ист ден, или на временско растојание од две недели.

Лекарската комора со цел да ја подобри комуникацијата меѓу докторите од сите ниво на здравствениот систем досега организираше 16 онлајн дискусии на теми поврзани со дијагностика, третман и превенција на Ковид -19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Олумчев: Не само трета „бустер“ доза, туку и од четврта може да има потреба

Доктор Мехмедовиќ за СП: Не е добро да се комбинираат вакцините, влегуваме на непознат терен

Доктор Даниловски: Пристапот за давање на трета доза кај вакцинираните граѓани уште од старт е погрешен

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно се одлужи судењето за Канческа-Милевска, кое трае пет години

Редакција

Али Ахмети и Зијадин Села не гласаа за да Африм Гаши биде избран за претседател на Собранието

Редакција

Расправата за реконструкција на Владата продолжува во понеделник

Редакција