еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ромки жртви на нова „Јавна соба“: На Фејсбук се споделуваат експлицитни фотографии и видеа

Од здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ информираат дека на Фејсбук се споделуваат експлицитни фотографии и видеа со Ромки од Македонија и странство.

“Згрозени сме од последните случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи.

Имено на 21.08.2021 година на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна facebook.com/semmsuvada, на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од истите за тие да се деморализираат и обезвреднат.

На истата Фејсбук страница на 06.10.2021 година е објавен повик за собирање на фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување и како што е наведено во објавата „јавно прикажување на „нечесните жени“(„Koj mangena shaj dena slike privatno te ubacina e nepostena manusen“).

На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Република Северна Македонија, но и надвор од нашата држава, а на некои фотографии се видливи и нивните малолетни деца.

Сите објави на гореспоменатата Фејсбук – страница, предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени.

Токму поради сето ова, ги повикуваме жените кои се директно засегнати со овие објави, како и сите останати корисници на социјалната мрежа Фејсбук да ги пријават ваквите објави најпрво користејќи ги алатките за пријава на ваков вознемирувачки материјал на Фејсбук, а потоа да ја пријават ваквата злоупотреба до надлежните институции и/или до здруженијата на граѓани.

Воедно ги повикуваме институциите Министерство за внатрешни работи, Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика, Основното јавно обвинителство, Агенцијата за заштита на лични податоци, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веднаш и итно да постапат по допрен глас и да ги елиминираат овие штетни практики кои имаат за цел да ги нарушат достоинството и угледот на жените Ромки!

Не смееме да дозволиме да ни се повтори случајот со „Јавна соба“!

Како општество не смееме да го дозволиме вознемирувањето, злоупотребата на лични податоци и јавниот говор на омраза кон жените чија единствена цел е да се наруши дигнитетот и јавниот углед на жените Ромки“, велат од Здружението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 309 болни од Ковид-19

Редакција

Почна исплатата и на аптеките, од утре средства на сметките, велат од ФЗО

Редакција

Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач

Редакција