еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Микробиологот Никола Пановски, во неговата колумна „Аусвајс вакцини“ за „Окружење.нет“, пишува за вакцинацијата против Ковид-19, но од аспект на присила, и за бројните прашања кои ги добива од граѓаните, но на кои нема одговор.

„За сите вакцини се вели дека се применуваат за лицето да стекне имунитет на одредена болест или за да се постигне имунитет со масовна вакцинација.

Каде и како треба да се класифицира вакцината против Ковид-19, која денес се применува со единствена цел, за да се добие сертификат „Аусвајс“, ковид-пропусница, и како и да се вика.

„Аусвајс вакцините“ можеби не се соодветни за учебник, но сум сигурен дека студентите ќе се сеќаваат засекогаш,“ пишува Пановски.

Притоа, тој наведува примери на прашања кои најчесто се однесуваат на барање за совет со која вакцина да се вакцинираат по прележан Ковид-19, бидејќи сертификатот им треба за патување, а кај нас потврдата за прележан вирус важи само 45 дена.

„Граѓаните се под притисок, било поради мерките кои се усвоени во државата, каде што е потребна потврда за влез во ресторан, театар, трговски центар, затворени простории или во земјите каде што треба да патуваат.

Што значи, вакцините би им се давале непотребно на овие луѓе, без корист. А, може да имаат и несакани ефекти, а тоа повлекува големи финансиски трошоци.

Позитивното влијание врз индивидуалното и колективното здравје е нула, вакцинацијата во тој период е непотребна и неразумна. Тоа е некој вид на присила.

Кој ќе биде одговорен за присилување на лицата на вакцинација, само за да добијат сертификат. Посебен проблем е што Македонија која издава потврда за прележан Ковид-19, е во траење само од 45 дена.

За да продолжи со сертификација, ново оздравеното, природно имунизирано лице, мора да прима две дози на вакцина во момент кога неговите IgG антитела се на врв. Ова веќе изгледа како злосторство,“ пишува Пановски и додава дека како стручњак не се согласува со рестриктивните мерки кои би ја поттикнале вакцинацијата.

„Охрабрувањето на вакцинирање може да се направи на многу покултурен и попрофесионален начин. Вакцината навистина спасува животи, да направиме таква кампања.

Градовите со повеќе од 50 отсто вакцинирани граѓани имааа десет пати помал морталитет од градовите со вакцинирана популација под 20 отсто.

Нестручните мерки како оваа, при што може да се вакцинирате со една доза и пет минути подоцна да добиете сертификат, иако имунитетот ќе го добиете по еден месец, само им даваат сила на анти-ваксерите.

Што се однесува до „Аусвајс вакцината“, во учебник би напишал „Најдобри Аусвајс вакцини се оние кои содржат само физиолошки раствор““, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: „Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат“

Пановски за смртноста на младите од Ковид-19: Починати од 20 до 40 години имаше и претходно, статистиката треба да каже дали сега се повеќе

Доктор Пановски: Тие што се вакцинирале со кинеските вакцини, како трета доза веројатно треба да ја примат вакцината на „Фајзер“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието се гласаат законите: Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат дека избори ќе има

Редакција

Нови 193 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестирања, бројката на активни случаи е 19.978

Редакција

Од Ковид-19 починаа 29 лица, на возраст од 37 до 81 година

Редакција