еМагазин
Image default
Македонија

24% од 38.019 заболени со Ковид-19 биле вакцинирани, 19% од нив завршиле во болница

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

“Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.277 лица кои починале од Ковид-19, 207 биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 661 оздравени од Ковид-19

Редакција

Поради шпионажа за фирмата „АТС груп“ од Македонија во Србија приведени тројца инжинери од „Крушик“

Редакција

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Редакција