еМагазин
Image default
Македонија

Призма: Условна казна и трошок од 50 евра за инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка

Призма објави дека инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка во Скопје, која беше урната лани во септември, иако се закануваше со жалба во Стразбур, на суд ја признал вината за кривично дело „бесправна градба“ по што добил условна, а не затворска пресуда.

Инвеститорот Мевлудин Алити треба да плати само 50 евра за судски трошоци, откако го признал делото и бил осуден на условна казна затвор од две години, кои ќе бидат реализирани ако во следните пет не стори ново кривично дело.

Според „Призма“ спогодбата за признавање вина е направена уште во јуни, а дури сега, 3 и пол месеци подоцна, по барање на медиумот, судот јавно ја објавува.

На местото на урнатиот објект, во меѓувреме никна нов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за инвеститорот на дивоградбата кај „Мавровка”

„Ќе плаќа народот за отштета за Мавровка. Така ми личи“: Твитер реакции за уривање на дивоградбата

Се е легално, ќе тужам, вели сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внатрешната контрола на МВР констатиралa дека во Прилеп немало непрофесионално однесување

Редакција

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел

Редакција

Убава вест: 507 оздравени од Ковид-19

Редакција