еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Локални избори: Денеска гласат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците…

Гласањето на Локалните избори 2021 започнува денеска со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.

Седмите локални избори во земјата ќе се одржат утре. Ќе се гласа за 10.831 кандидат од кои 299 кандидати за градоначалници, а останатите за советници. Најголем дел 91 листа се од група избирачи односно независни, а 31 се политички партии и коалиции.

На изборите првпат ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти. Сепак, Државната изборна комисија (ДИК) одлучи лицата што ќе гласаат денеска да не бидат проверувани со овие уреди, туку гласањето да се спроведе УВ ламба, со која се проверува дали лицето претходно гласало, и со прскање со спреј, за да се обележи дека веќе е искористено правото на глас.

Според информациите од ДИК, денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни лица, чии пријави се прифатени од Оопштинскиот изборен нкомитет (ОИК), како и 476 лица со Ковид-19 и во самоизолација.

Гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со Ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица.

Доколку некое од овие лица чии барања за гласање се потврдени не биде најдено во својот дом од страна на избирачкиот одбор, правото на глас нема да може да го оствари на денот на гласањето.

Во поседниот извод на Избирачкиот список се запишани 1.899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Гласањето ќе се одвива согласно општите мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, а нив ќе мораат да ги почитуваат како членовите на избирачките одбори така и гласачите.

Резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, ќе бидат објавени заедно со резултатите од неделното изјаснување на Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Локални избори: Како ќе изгледа гласањето со проверка на отпечаток од прст

Локални избори: Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преполовен прометот на Македонската берза во октомври

Редакција

Регистриран нов позитивен на Ковид-19 во Маврово и Ростуше

Редакција

Нови 378 случаи на Ковид-19 од 2.560 тестови, 58 се реинфекции

Редакција