еМагазин
Image default
Македонија

Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во Скопско

Полициски службеници синоќа привеле четири лица, кои околу 19 часот кои биле забележани како дават пари во замена за глас на претстојните локални избори на местото викано Аџево на подрачјето на Полициската станица „Драчево“.

Како што соопшти МВР, осомничените Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35) се приведени под обвинение за вршење на кривичното дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Казнениот законик.

При приведувањето кај четворицата осомничени се пронајдени 121.000 денари и 250 евра.

За случајот е известен јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, се додава во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР пуштило повеќе ленти на границата Табановце на барање на Стопанска комора, чии членови се вакцинираат во Ниш

Редакција

Петковски: Не треба да има предвремени парламентарни избори, Владата да продолжи со работа

Редакција

Груевски, Јанакиески и Пешески на суд: Ново рочиште за „Траекторија” на СЈО

Редакција